Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо ја советува Барса да продаде две големи ѕвезди од актуелниот тим на Чави

Објавено

на

Foto:instagram.com/rivaldo

Ривалдо често се јавува со искрени и доста жестоки пораки за случувањата во неговиот сакан клуб Барселона, па така откако пред една недела заклучи дека Реал Мадрид во моментов е далеку подобар тим, во најновото обраќање како амбасадор за „Бетфер“ реши да подели неколку совети до управата.

Легендарниот Бразилец пред се ги таргетираше Лапорта, Деко и Чави, тројцата луѓе кои ќе имаат круцијална улога при регрутирање на нови играчи и составување на тимот за наредната сезоната, а во неговата визија надвор од составот треба да останат големи играчи како Роберт Левандовски и Френки Де Јонг.

– Левандовски е голем напаѓач, но веќе е во поодмината возраст и тоа е многу важен фактор во фудбалот, особено во Барселона. Во август ќе полни 36 години, во мое време, кога имавте 30 години, клубот веќе разгледуваше како да ве продаде. Сега се промени ситуацијата, се купуваат играчи на 36 и 37 години. Левандовски две сезони е во клубот, но фановите сакаат да видат многу повеќе. Сакаат посилен тим и сакаат да видат трофеи.

– Треба да си оди, а со Де Јонг се случува нешто слично. Иако ја игра својата петта сезона во клубот, неговата ситуација постојано е иста. Клубот мора да се раздвижи и да донесе други играчи. Сигурен сум дека Барселона може да најде играчи на негово ниво, па дури и подобри од него.

– Педри? Со него ситуацијата е друга. Би сакал да го гледам долго во Барселона. Се уште има многу за понудување. Тој е голем фудбалер и со својот талент може да донесе големи нешта за Барса, – вели Ривалдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни