Поврзете се со нас

АТП

Лоши вести за Италијанецот: Синер добил големо предупредување од лекарскиот тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Повредата на Јаник Синер изгледаше навистина неопасно и до последен момент се мислеше дали да излезе на терен на четвртфинален дуел против Оже Алијасим во Мадрид, но како што одминуваат неделите, грижите во кампот на Италијанецот се се поголеми околу проблемот со колкот.

Не само што предаде без борба против Канаѓанецот во Мадрид, Синер сам се повлече и од својот омилен Мастерс турнир на земјена подлога во Рим, но што е уште полошо, најверојатно ќе остане и без Ролан Гарос.

Угледните италијанските медиуми откриваат дека Синер добил доста лоши вести од својот потесен медицински тим, кој всушност го советувал Јаник да не ризикува и да го откаже својот настап на грен слемот во Париз.

„Газета“ открива дека лекарите го предупредиле Синер за можно влошување на актуелната ситуација, па ако не одмори какошто е советуван, неговата повреда на колкот може да се претвори во хронична, што би било навистина погубно на 22-годишна возраст.

Синер во овој момент се лекува во тренинг центарот на фудбалскиот клуб Јувентус и оди на терапии кои содржат вежби во теретана и базен, но бавната санација на повредата по се изгледа ќе го остави без учество на грен слемот на кој имаше најслаб резултат минатата сезона.

Италијанецот брани само 75 поени во Париз, па дури и во ситуација да не игра, може да го заврши турнирот како светски рекет број еден доколку Новак Ѓоковиќ не слави на Ролан Гарос.

Ако се потврдат најавите од Италија, Карлос Алкарас ќе биде тој кој ќе ја преземе улогата на втор носител на место на Синер, па така Шпанецот би избегнал дуел со Новак Ѓоковиќ се до проектираното финале во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни