Поврзете се со нас

Англија

Сон го прекина молкот и се огласи за големата шанса која не ја реализираше против Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Хеунг Мин Сон и онака не беше омилена личност меѓу навивачите на Арсенал, но по одиграното дерби во вторникот против Манчестер Сити, „топчиите“ имаат уште повеќе причини да го мразат корејскиот напаѓач.

Токму Сон беше човекот кој можеше да му направи услуга на Арсенал во шампионската битка со Манчестер Сити, но Кореецот не ја реализираше стопроцентната шанса во 86-та минута и не израмни против Сити.

Неговата утка го шокираше и Пеп Гвардиола кој падна на земја за време на акцијата, а после цели два дена, пристигна и првата изјава од страна на фудбалерот за пропуштената прилика.

– И јас сум човек. Голманот на Сити донесе многу добра одлука и изгледаше многу голем во дуелот со мене. Како и да е, ја преземам одговорностас за пропуштената шанса, тимот работеше навистина напорно за да оствари добар резултат, – вели Сон во интервјуто за „Ивнинг Стандард“, во кое поделил и неколку зборови за разочараниот менаџер, Анге Постекоглу.

– Ова е прва сезона со новиот менаџер и треба да извлечеме многу позитивни работи. Знам дека е рано да се каже, но ќе бидеме многу подобри следната сезона со него. Јас целосно стојам зад него, уживам во стилот кој го негува. Сега преостанува сите да истапиме како клуб, бидејќи тој дефинитивно покажа дека може да му донесе успех на Тотенхем, – потенцира Сон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни