Поврзете се со нас

АТП

Томи Пол го детронизираше Медведев во Рим, четвртото место на Русинот доведено во прашање

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Данил Медведев бранеше 1000 бодови како бранител на титулата на Мастерсот во Рим, па токму поради тоа четвртото место на Русинот ќе биде сериозно загрозено до крајот на турнирот откако денеска беше елиминиран во осминафиналето.

Рускиот тенисер беше исцрпен по борбата која ја имаше со Меџедовиќ во претходната рунда, па денеска лесно го положи оружјето и освои само пет гејма против Томи Пол.

Американскиот тенисер успеа да ја оствари првата победа во четвртата пресметка со Русинот, а тоа го направи максимално доминантно, особено во првиот сет.

Томи го доби овој дел од играта со 6:1 и најави дека е подготвен за изненадување, па во вториот сет остана сигурен и славеше со 6:4.

За Американецот ова е прв пласман во едно четвртфинале на поголем турнир на земјена подлога, а противник во следната рунда ќе му биде Хуберт Хуркач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни