Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го скрши отпорот на Тиквеш и стана прв финалист во ракометниот Куп

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еуфорам Пелистер изгледаа доста раштимано на денешниот меч против Тиквеш и ризикуваа да доживеат голем шок во полуфиналето, но сепак избраниците на Ангеловски се изборија за победа и ќе се борат и за втор трофеј оваа сезона.

Битолчани не беа во посакуван ритам во најголем дел од мечот и успеаја да го разбеснат својот тренер, но очигледно пцовките на Ангеловски позитивно влијаеја врз играчите, кои на крајот пронајдоа пат до победа.

„Зелено-белите“ победија со 33:29 на натпреварот кој се одигра во „Борис Трајковски“, па така станаа први финалисти во најмасовното ракометно натпреварување во нашата земја.

Еурофарм Пелистер се пласираше во четврто финале по ред во Купот, а лидер во овој потфат беше Радивојевиќ кој постигна 10 гола, четири повеќе од Мијатовиќ кој беше најефикасен кај Тиквеш.

Второто полуфинале во „Борис Трајковски“ ќе го играат Вардар и Алкалоид, а овој меч е закажан за утре во 19:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни