Поврзете се со нас

АБА лига

Најдобриот играч на Будуќност доби непотребно исклучување, Партизан закажа ново финале со Звезда

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан сепак се погрижи да гледаме планирано финале во АБА лигата, откако вечерва ја доби „мајсторката“ со Будуќност на домашен терен со победа од 100:86.

Иако конечниот резултат не укажува на такво нешто, мора да се напомене дека мечот во Белград беше навистина тесен и на момент тензичен, а пресуден момент беше оној во третата четвртина кога исклучување доби најдобриот гостински играч.

Јоги Ферел го фаулираше домашниот капитен Пантер и бурно реагираше на одлуката на судиите, но бидејќи ова за него беше втора техничка грешка, лидерот на гостите беше испратен во соблекувалните.

Тука почна надолниот пад на Будуќност кој имаше предност до таа фаза на мечот, а Партизан знаеше како да го искористи тоа и на крајот да оствари сигурна победа.

Исклучениот Ферел беше најдобар поединец и покрај тоа што го заврши мечот уште во третата четвртина (18 поени), додека лидери во победата на Партизан беа Аврамовиќ со 20 и Нанели и Пантер со по 19 поени.

Партизан е бранител на титулата во АБА лигата која ја освои лани во финалињата со Звезда, но за разлика од пред една година, сега предноста од домашен терен во финалната серија ќе ја имаат „црвено-белите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни