Поврзете се со нас

Свет

Куман направи две изненадувања со составот на Холандија за ЕП 2024

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Роналд Куман како и вообичаено успеа да предизвика многу реакции со своите одлуки поврзани со изборот на фудбалери, а во случајов се работи за настапот на Холандија на Европското првенство во Германија.

Холандскиот селектор објави поширок список на кој се 30 фудбалери, што значи дека четворица ќе отпаднат, а предизвика дебата поради фактот што не повика двајца фудбалери кои играат во одлична форма во актуелната сезона.

На списокот го нема Џожуа Зиркзе од Болоња, фудбалер кој го предводеше тимот на Тиаго Мота до историски пласман во Лигата на шампионите, а Куман му дал предност на Вут Вегхорст.

Медиумите се изненадени и од отсуството на Матс Вифер од Феенорд, кој претходно имаше гарантирано место во холандскиот состав, па иако овој играч ги пропушти последните натпревари поради повреда, се очекуваше да биде дел од селекцијата.

Во спротивна насока одат неколку имиња кои се најдоа на списокот, вклучувајќи го Рајан Гравенберх кој нема настапувано за Холандија од 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни