Поврзете се со нас

Свет

Станковиќ си замина од Ференцварош и експресно си пронајде нов клуб со голема традиција (Фото)

Објавено

на

Дејан Станковиќ ја освои титулата во Унгарија со Ференцварош во својата прва сезона како тренер на првиот тим, но по остварениот успех, денеска ја информираше јавноста дека си ги спакувал куферите и дека веќе нема да биде шеф на стручниот штаб.

Многу брзо по оваа објава на Деки, српските медиуми почнаа да шпекулираат дека Станковиќ може да заврши во Болоња на местото на Тиаго Мота, но барем засега, легендарниот Србин нема да се врати во Серија А.

Станковиќ си договорил соработка со најуспешниот руски клуб во историјата и во иднина ќе го води тимот на Спартак Москва, а тоа беше потврдено преку официјалната страна на клубот, но и од спортскиот директор.

– Не се работи само за титули. Врз нашиот избор влијаеше фактот што Дејан Станковиќ има системси пристап на работата. После првиот разговор, почувствувавме дека тој е личност кој ќе одговара на нашиот клуб.

– Со својата амбиција, страст, искуство, лидерство и разбирање на фудбалот, тој е вистинската личност за нас. Дејан со големо нетрпение чека да почне да работи тука. Убедени сме дека со него ќе се вратиме на победничките патеки, – вели спортскиот директор на Спартак, Томас Амарал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни