Поврзете се со нас

Свет

Ристовска одлична, ЦСКА ќе се бори за титулата во Русија

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

ЦСКА Москва на Сара Ристовска успеа да обезбеди пласман во финалето во рускиот шампионат и тоа откако во полуфиналниот двомеч ја надигра екипата на Астраханочка.

ЦСКА славеше на првиот натпревар со 35:28, додека пак денеска беше уште поубедлива пред своите гледачи и триумфираше со 30:21. Фаворитот наметна свое темпо уште во првиот дел каде создаде предност од пет разлика (16-11) за да по одморот таа позитива дополнително ја зголеми и го официјализира пласманот во наредната фаза.

Македонската репрезентативка Ристовска имаше одличен настап со четири гола од пет обиди.

Ривал во борбата за пехарот ќе биде Ростов или Черноморочка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни