АБА лига
Смит: Ќе ја „исплескаме“ Звезда пред нашите навивачи
Партизан доживеа порази во двата натпревари со Црвена Звезда во финалето на АБА лигата и се наоѓа во тешка ситуација во оваа серија која се игра во три добиени.
Следниот натпревар е да се биде или не за „црно-белите“, меч на кој пораз ќе значи губење на титулата во регионалното натпреварување. Меѓутоа во таборот на Партизан се убедени дека ситуацијата ќе биде сосема поинаква пред нивните навивачи, а најискрен, најотворен беше бекот, Џејлен Смит.
-За нас ќе биде како Евролига. Ќе биде тензично, знам дека навивачите ќе ни дадат голема поддршка, спремни сме да си одиме дома и да им ги исплескаме задниците пред нашите поддржувачи. Одиме дома, да ги добиеме двата натпревари. Тоа е единственото нешто што можеме да го направиме. За почеток, ајде да го добиеме третиот меч, -порача Американецот кој има и хрватски пасош.
-Имавме добри шанси за брејк во двата натпревари. Се случија работи кои ни го срушија ритамот и сега си одиме дома со минус од две победи. Ајде да одиме дома, да се обидеме да го решиме ова, -додаде Смит кој добро ги искористи минутите дадени од тренерот Жељко Обрадовиќ.
Третиот дуел е закажан за в недела, а ако се потребни останатите натпревари ќе се играат на 21 и 25 мај.
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!