Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ: Ѓоковиќ еднаш викаше по мене, а јас го излудев со советот кој му го дадов

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Горан Иванишевиќ ја заврши соработката со Новак Ѓоковиќ откако двајцата сфатија дека е вистинско време за пријателска разделба, но Хрватот и натаму е доста интересен со изјавите кои ги дава за неговата специфична комуникација која ја имаше со светскиот рекет број еден.

Хрватот многу често се наоѓаше на удар и Ноле жестоко му викаше за време на мечевите, но Иванишевиќ сега накратко се обиде да објасни зошто Ѓоковиќ реагира толку експлозивно во такви ситуации.

– Кога го тренирате Новак, се освен освојување на титули се смета како неуспех. Тоа е голем притисок со кој мора да се носите секој ден, на секој меч. Новак има огромни барања, секој ден сака да се случи нешто ново, сака да биде подобар. Чека совет од вас, ако не може да се носите со тоа, подобро воопшто да не ја прифаќате работата.

– Јазикот многу ми помогна, тоа што немавме бариера беше голем плус. Со Новак се случува следното: Имате само неколку секунди да му објасните неколку работи. Сака да дознае 15 работи во неколку секунди, а вие имате само три да го направите тоа. Знае да биде многу тешко, но уживав во нашата соработка. На крајот од денот, крај мене секој имав добри таблети за спиење. Секој ден има голем притисок во тенисот, но бев сосема во ред со тоа, навикнат сум на такви околности. Многу помогна тоа што и двајцата сме од Балканот. Секогаш бев подготвен за неговите реакции.

– Неговите испади се случуваа постојано. Тој цело време викаше по мене и почнаа луѓето да го забележуваат тоа. Понекогаш добро го разбирав што вика, а понекогаш не. Се сеќавам на една ситуација, бараше да му кажам нешто за сервисот, а јас почнав да му зборувам за облаците кои се појавија над тениската арена. Тогаш полуде и навистина ми се налути, ама барем тогаш го налутив со право. После пет минути, целосно се исклучи и повторно почна да игра слободно. Во тенисот понекогаш ви е потребен шок за да се ресетирате. Менталната компонента е најважниот фактор во тенисот, – потенцира Иванишевиќ во интервјуто за швајцарски „Блик“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни