Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ ги засука ракавите и доминираше против Локомотив, Уникс израмни во полуфиналето

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Уникс Казањ се стави во ситуација да има една и единствена опција на второто гостување во Краснодар, но Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи максимално добро одговорија на предизвикот и израмнија на 2:2 во полуфиналната серија во ВТБ лигата.

По двата порази во низа од Локомотив Кубан, гостите од Казањ денеска ги засукаа ракавите уште од првата минута, па доста брзо стана јасно дека најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната ќе извојува победа и дека ќе ја продолжи неизвесноста во полуфиналето.

Уникс доминираше во првите десет минути и брзо се одлепи со двоцифрена предност, а на полувреме веќе имаше предност од 16 поени и најави дека ќе оставри лесна победа.

На крајот, гостите славеа со 68:85 и ја запишаа втората победа против Локомотив, а најдобар поединец на паркетот беш токму македонскиот репрезентативец.

Нено беше лидер со 20 поени и зад своето име придодаде и шест асистенции и четири украдени топки, но исто така забележа и три дефанзивни скока. Втор најдобар поединец беше Рејнолдс со 18 поени, а во тимот на Локомотив најдобар беше Барфорд со 16.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни