Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ скромен по важната победа: Само играв кошарка…

Објавено

на

foto:twitter.com/MovistarNBA

Далас Маверикс дојде до нов брејк во соочувањето со Оклахома Сити Тандер, победа која му донесе водство од 3-2 во полуфиналната серија на Западот.

Во фокусот на вниманието беше плејмејкерот Лука Дончиќ кој реализираше трипл-дабл од 31 поен, 10 скока и 11 асистенции, плус имаше и една важна блокада.

Словенецот ова го прави иако не е фит, се мачи во повреди, меѓутоа ова е плејоф, стиска заби и се обидува да му помогне на тимот да оствари што подобар резултат.

-Само сакав да играм кошарка, Понекогаш заборавам дека тоа е она што го сакам. Тоа е нешто што го правам. Мојот ментален фокус беше само на тоа, -порача скромниот Дончиќ.

Следниот натпревар се игра во Тексас што значи дека Далас ќе ја има првата меч топка за да ја затвори оваа серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни