Поврзете се со нас

Италија

Алегри експресно ја дозна казната за хаосот кој го предизвика на „Олимпико“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Juventus

Масимилијано Алегри режираше вистински циркус за време на финалето и по освоениот трофеј во Копа Италија, па воопшто не чуди фактот што денеса цел ден е топ тема на чизмата.

Искусниот италијански стручњак најпрво им се нафрли на судиите во финишот од финалето со Аталанта и поради тешките приговори доби црвен картон, а додека го напушташе теренот, беснееше од нервоза и ги фрли палтото и вратоврската.

Сепак, ова не беше единствениот испад кој го имаше Алегри вчеравечер во Рим, бидејќи за време на прославата го бркаше директорот Џунтоли од тимскиот круг, за потоа да направи скандал и со главниот уредник на познатиот весник од Торино, „Тутоспорт“.

Ваквото однесување ги натера дисциплинците итно да се состанат и веднаш да му изречат казна на Алегри, кој попладенво дозна дека во иднина ќе биде суспендиран на два меча во Копа Италија, а од својот џеб ќе мора да исплати во Федерацијата и казна од 5 илјади евра.

Како што најавуваат медиумите од Италија, ова може да не биде последна вест за Алегри во текот на денот, бидејќи по скандалозното однесување, Јувентус размислува да му врачи отказ уште вечерва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни