Поврзете се со нас

Германија

Неколку големи ѕвезди на Баерн стојат зад Тухел, останување на актуелниот тренер сега сериозно е во игра

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен повеќе од два месеци е во потрага на нов тренер и оваа мисија се покажа како исклучително тешка и непредвидлива за баварците, особено поради фактот што веќе беа одбиени од тројца кандидати.

Чаби Алонсон, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник ја затворија опцијата за преземање на тренерското место на Томас Тухел, а иако Макс Еберл на својата листа има уште неколку имиња, во последните 24 часата пристигнуваат се пооптимистички вести кога е во прашање актуелниот предводник на баварците.

Опцијата Томас Тухел повторно се активира и сега повторно се разгледува опцијата за негово останување на „Алијанц арена“, што всушност ќе биде втора таква ситуација во елитниот европски фудбал, по онаа со Чави Ернандес кој и покрај најавите, на крајот реши да остане во Барселона.

Тухел доби голема поддршка од навивачите по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и дел од фан базата собираше потписи за негово останување, а последните вести од Германија велат дека тој ја има поддршката и од 80 проценти од играчите во Баерн.

Мануел Нојер, Томас Милер, Хари Кејн, Џамал Мусиала, Лерој Сане и Ерик Даер прават силни напори за да го премислат тренерот во обидот да се прекрши пактот кој го договорија двете страни, па во последните неколку часа се повеќе се зборува за нов состанок на кој ќе се носи дефинитивна одлука за неговата судбина.

Макс Еберл како спортски директор се дистанцираше од одлуката која ја донесе клубот за Тухел во период кога тој се уште не беше во Баерн Минхен, па и тоа оди во прилог кон отворање на нови преговори, по кои Томас може да остане уште една сезона во Минхен.

Само за потсетување, финалето во Лигата на шампиони наредната сезона се игра на „Алијанц арена“, па во клубот има позитивни вибрации и на оваа тема со оглед на резултатите кои ги има остварено Тухел во елитното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни