Поврзете се со нас

Англија

Клоп призна дека не сака една премиерлигашка ѕвезда: Кога ќе го видам, ми се враќа само еден лош спомен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул освои неверојатни 97 бода во сезоната 2018/19 во англиската Премиер лигата, но и покрај тоа тимот на Јирген Клоп остана покус за еден бод и шампион на Англија беше Манчестер Сити.

„Граѓаните“ добија жестока битка за титулата во период во кои и двата тима не знаеја за пораз, но се чини дека клучната победа Сити ја оствари над Лестер кога се мачеше речиси цел меч.

Капитенот Венсан Компани постигна неверојатен гол за победа и практично ја осигура титулата за својот тим, а токму поради тој натпревар, на Клоп му се одмилил еден фудбалер кој сега настапува за Тотенхем.

– Во моментот кога Компани ја шутна топката, навистина бев среќен што не доживеав удар, бидејќи навистина така се чувствував. Добро се сеќавам дека лежев на мојот кауч и само си викав „Мадисон блокирај, покриј го…..“

– Од тој момент, не можам да го сакам Мадисон. Лестер одигра многу добро првот полувреме и после тоа требаше да води. Тоа се претвори во лична работа. Немам проблем со него, но кога ќе го видам имам лоши спомени, – признава Клоп кој претстојниот викенд ќе го има прошталниот меч како менаџер на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни