Поврзете се со нас

Македонија

Марковска со гол од корнер во 93. минута донесе Куп титула за ЖФК Љуботен (Видео)

Објавено

на

Фото: Facebook/ЖФК Љуботен - Тетово Официјална Страна

Финишот од сезоната на македонската фудбалска сцена традиционално ги носи и завршните натпревари во Куп натпреварувањата, а денеска возбудувањата почнаа со финалето во женска конкуренција.

Фудбалерките на ЖФК Љуботен и Каменица Саса одиграа еден тврд и израмнет меч во финалето кое се играше на Градскиот стадион во Велес, па така клучниот момент го видовме во судиското продолжение.

На самиот старт на 93-та минута, Александра Марковска изведе корнер во една од последните акции на натпреварот, но се реши да бие директно во гол и да ја изненади голманката на Каменица Саса.

Лошата реакција резултираше со гол и големо славје за ЖФК Љуботен, па така добивме стар-нов шампион во Купот.

ЖФК Љуботен е и актуелен фудбалски шампион во женска конкуренција и со овој триумф ја потврди својата доминација на национално ниво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни