Поврзете се со нас

Свет

Нагелсман: Јас го купив судијата Марчињак за Баерн да испадне од Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Јулијан Нагелсман ова попладне е тема број еден во германската спортска јавност, а причина за тоа е дефинитивниот список кој го достави за Европското првенство на кое домаќини ќе бидат токму „панцирите“.

Нагелсман реши да изостави големи ѕвезди на Баерн и Борусија и тоа посебно се најде во центарот на вниманието, но младиот фудбалски стручњак говореше и за теми кои малку ја опуштија атмосферата во прес-центарот.

Актуелниот германски селектор се осврна на најспорната ситуација која ја видовме на полуфиналето меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, односно на непризнатиот гол на Де Лихт кој ќе го однесеше мечот во продолженија.

Нагелсман им откри на новинаррите дека знаел како да се пошегува со бесниот Томас Милер по крајот на мечот, а сега на сите им откри како течела нивната конверзација.

– Томас се жалеше од судијата, а јас му реков дека јас го купив судијата Марчињак за Баерн да испадне од Реал. Му реков дека така побрзо и помирно ќе и се приклучи на репрезентацијата. Тој ме праша дали Баерн финансисрал да се случи такво нешто, а јас му одговорив дека сум платил со свои пари. Секако, тоа беше шега, но барем се обидов да го опуштам, – откри Нагелсман.

Милер е еден од 27-те повикани фудбалери на Нагелсман за Европското првенство во Германија, а интересно место во националниот тим немаше за неговите колеги од Баерн, Леон Горецка и Серж Гнабри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни