Поврзете се со нас

Германија

Нервоза кај „баварците“: Водиме разговори, не излезе како што планиравме

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен има катастрофална сезона за негови стандарди, сезона во која не е освоен ниту еден трофеј што доволно говори за натпреварувачката 2023/2024.

Клубот од Минхен пред неколку месеци одлучи да се откаже од тренерот Томас Тухел, поточно двете страни седнаа на маса и одлучија да се разделат на крајот на кампањата. Во меѓувреме баварците тргнаа во потрага по нов тренер, но имаа неколку неуспешни обиди со имиња како Чаби Алонсо, Ралф Рангник, Јулијан Нагелсман…и ова полека станува проблем и носи нервоза на „Алијанц Арена“.

-Рековме дека всушност сакаме да завршиме во април, ако треба до мај, до мај. Сега сме во средината на мај и секако се нервираме што не ни излезе како што замисливме.

-Сега е случај што очигледно треба да се обидеме да го најдеме најдобриот. Водиме дискусии. Водиме дискусии и сакаме да се обидеме што побрзо да го најдеме новиот тренер, -порача спортскиот директор, Макс Еберл кој запрашан за тоа тоа дали Тухел може да остане, тој порача:

-Во тоа време беше потврдено од двете страни дека тоа е така и според тоа нема што друго да се каже-истакна Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни