Поврзете се со нас

Македонија

Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!

Објавено

на

Виктор Давидовски ја започна седмата сезона од настапите во европското ТЦР првенство со новиот тим и новиот автомобил, при што само два месеци претходно беше објавено дека повторно ќе бидат тимски колеги со Франко Џиролами.

Првата трка донесе надежен старт со добар исход од квалификациите, но Давидовски не е задоволен од реализираното.

– Лесно е да се бараат изговори и да се посочуваат разни нешта како оправдание. Точно е дека имавме проблеми од разна природа, но сакам да бидам самокритичен и да укажам дека можевме и подобро да поминеме и да се радуваме на повеќе бодови и подобри позиции. Најблаго кажано, не успеавме да извадиме максимум од овој викенд, пред се поради променливите временски околности, бидејќи буквално во секоја сесија имавме различни услови. Тоа ја отежна работата за мене во барањето на идеалниот сет ап, но до израз дојде и помалиот број километри на тестирањата што ги имав. Капак на сѐ, во втората трка не успеав да се снајдам најдобро со системот за поддршка на стартот кој е сосема поинаков од оној што досега го користевме, па речиси целата трка ја возев лут на самиот себе,- објаснува Давидовски.

Големиот притисок пред стартот на сезоната беше надополнет со организациската неореченост, односно можноста да се спојат трките од светското и европското ТЦР првенство, но сега откако овој викенд е зад нас, сите погледи се насочени кон следниот гран при викенд во Белгија, на патеката Золдер.

– Валелунга за мене беше непозната патека, за разлика од возачите кои претходно возеле таму во ТЦР Италија. Исто така и Золдер ќе биде нова патека, но посакувам да имаме стабилно време, бидејќи на тој начин најлесно можеме да продолжиме со развивање на возилото. Мора да му се симне капа на Франко кој до сега помина многу километри во развој и тестирање бидејќи има третман на возач со поддршка од фабриката, но кога е во прашање гран при викендот, обајцата имаме јасни задачи кои треба да ги спроведеме низ тренинзите за да можеме да го отклучиме потенцијалот на возилото преку нагодување на идеалниот сет ап. Позитивно од првиот викенд е што имаме двоен финиш во бодови, но искрено верувам дека можеме да се подобриме и во Белгија да се бориме за место на пиедесталот.

Гран при викендот во Белгија е на програмата од 17 до 19 мај, за две недели подоцна да се вози и новата патека Салцбург-ринг во Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни