Поврзете се со нас

Англија

Кин излезе со изненадувачки заклучок за Клоп: Треба да се гледа пошироката слика

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин знаеше да има доста забелешки за Јирген Клоп на почетокот на авантурата која ја имаше Германецот во Ливерпул, но сега кога менаџерот се подготвува за прошталниот меч на „Енфилд Роуд“, легендата на Манчестер Јунајтед излезе со изненадувачка изјава.

Кин нагласи дека изминатите години значително го променил мислењето за Германецот кого сега максимално го почитува, па дури и изјави дека би сакал да игра за неговиот тим доколку се уште бил фудбалски активен.

– Треба да се гледа пошироката слика за Клоп, тоа што го направи за Ливерпул како фудбалски клуб е фантастично. Зборувам за сите аспекти, па дури и за фудбалот кој го негуваше.

– Неговиот стил на фудбал е забавен, им дава шанса на млади играч и извади многу играчи од школата. Ливерпул повторно се натпреварува на највисоко ниво и освои дел од најважните титули со него.

– Исто така, имаше сезони кога беше блиску и не успеавше да освои титули и мислам дека оваа сезона е вистинска вртелешка за него. Тој е многу емотивен човек и тоа се гледа на секој меч. Истовремено ми изгледа како многу искрен човек кој не сака да игра игри на теренот. Тој не е роботизиран и не е медиумски истрениран за да ги задоволи новинарите. Тој е искрен менаџер и кога замислувам една идеална слика за него, се гледам себеси како играм за неговиот тим, – изјави Рој Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни