Поврзете се со нас

Италија

Аталанта обезбеди ЛШ, Гасперини загрижи со изјавата: Сакам голем предизвик

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Аталанта имаше импресивен завршен спринт во Серија А и со пет победи во низа обезбеди место во Лигата на шампионите наредната сезона, а последниот успех го оствари денеска над Лече.

„Ла Деа“ славеше со 0:2 и математички го осигура петтото место на табелата, кое годинава носи место во најелитното натпреварување поради фантастичниот рејтинг на италијанските клубови.

Италија ќе има пет претставника во Лигата на шампионите наредната сезона, па иако дел од елитата ќе биде Аталанта, фановите на овој клуб останаа многу позагрижени од изјавата која ја даде ЏанПјеро Гасперини.

Искусниот стручњак има понуда од Аталанта за продолжување на соработката, на исто така на маса има и понуда од Наполи за да го преземе амбициозниот проект на Аурелио де Лаурентис.

– Обезбедувањето на Лигата на шампионите има огромна вредност за мене, работевме многу напорно за повторно да стигнеме до најголемото натпреварување.

– Сепак, јас сакам предизвик, сакам голем предизвик. Тоа е она што ме води напред во кариерата. Следен предизвик ни е финалето со Баер Леверкузен, а после тоа ќе видиме што ќе се случи, – изјави Гасперини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни