Поврзете се со нас

Англија

Роналдо се огласи за шампионската разврска во Премиер лигата пред денешното последно коло (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата меѓу Усик и Фјури, но за време на настанот, добил шанса да направи и кратка најава за последното коло во Премиер лигата.

Завршната рунда се игра денеска во 17:00 часот и некаде околу 19:00 ќе го дознаеме новиот англиски шампион, а во моментов има само една дилема околу тоа прашање.

Манчестер Сити влегува како фаворит за титулата откако победи на гостувањето кај Тотенхем, додека Арсенал ќе мора да чека услуга од Вест Хем, но и да победи над Евертон.

„Топчиите“ и натаму имаат минимална верба дека можат да се поклопат коцките во нивна корист, но така не смета Роналдо кој на Френк Ворен му го порача следново:

– Тие повторно нема да ја освојат лигата…. Ох Боже, – му порачал Роналдо на Ворен, кој инаку е познат боксерски промотор и голем фан на Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни