Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за херојот на Сити: Никогаш немав слушнато за него

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Екипата на Манчестер Сити денеска може да дојде до четвртата титула во низа во Премиер лигата и на тој начин да испише историја затоа што досега ниту еден тим немал ваква серија.

За да се сигурно се случи тоа „граѓаните“ ќе треба да го положат предизвикот Вест Хем, поточно триумф ќе значи голема радост затоа што ќе биде потврдена предноста од два бода, поточно ќе биде залудна била каква победа на Арсенал против Евертон.

„Граѓаните“ во изминатиов период имаат згуснат распоред и мораа да се справат со различни противници и на различни терени со тоа што се знаеше дека гостувањето во Лондон кај Тотенхем ќе биде најкомплицирано затоа што „петлите“ се состав кој знае да му направи проблеми на лидерот, да му откина бодови, па и да го победи кога игра пред своите гледачи.

Овој пат не се случи такво сценарио, Сити славеше со 2-0 со двата гола на Ерлинг Халанд, но дефинитивно херој беше голманот Стефан Ортега кој по влегувањето во вториот полувреме имаше неколку добри интервенции од кои ќе се памети онаа против Сон, ситуација еден на еден.

Тој секогаш знае да ја искористи добиената шанса, минутажа што за многумина е изненадување затоа што како анонимус пристигна на „Итихад“ во 2022 година. И самиот Пеп Гвардиола не знаел за кого се работи, поточно Шпанецот тоа го призна во пресрет на последната рунда во ПЛ.

-Не, за тоа е заслужен стручниот штаб за голманите. Луѓето зборуваат за неверојатната заштеда бидејќи тоа е она што е. Еди [Едерсон] го има направено тоа многу пати претходно. Знаете зошто ја освоивме Лигата на шампионите? Едерсон, направи неверојатни одбрани на 1-0. И против Бензема. Тој беше клучот за победа. Не може да се дефинира овој период без Еди. Ова беше чуден период за Еди, четири пати повреден, никогаш не сум го видел тоа. Денеска имаме двајца врвни голмани.

-Чаби (тренерот на голманите) ми го предложи (Ортега). Тоа се случи во минатото, ме запозна со двајца-тројца чувари, реков во ред, ајде може. Не сум експерт за голмани, затоа имам тренери за тоа. Тој заврши добра работа, -истакна Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни