Поврзете се со нас

Англија

Брајтон изненадувачки соопшти дека ќе се раздели со Де Ѕерби, Италијанецот пред трансфер на кариерата

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialBHAFC

Брајтон ова попладне излезе со изненадувачко соопштение кое не го очекуваше никој во Англија, особено не пред последниот натпревар во тековната натпреварувачка сезона.

„Галебите“ утре ќе спутшат завеса на сезоната против Манчестер Јунајтед, но во најавата за мечот, пристигна една вест која сигурно не ги израдува фановите на клубот.

Брајтон ја извести спортската јавност дека Роберто Де Ѕерби го напушта клубот и дека повеќе нема да биде тренер на првиот тим, откако двете страни спогодбено се решиле да ја прекинат соработката.

Клубот во своето соопштение му се заблагодарува на Италијанецот за извонредните две сезони кои ги мина на „Амекс“, а од кои посебно ќе се памети онаа првата во која оствари историски успех. Де Ѕерби го однесе Брајтон на највисокото шесто место во својата клупска историја, а тимот за првпат беше дел и од едно европско натпреварување.

Иако самиот Роберто пред извесно време тврдеше дека сака да остане во Брајтон и наредната сезона, очигледно е дека нешто се променило во последно време, а клубот не планира да го задржува со сила и сега е слободен за трансфер на кариерата.

Како што известуваат италијанските и германските медиуми, Де Ѕерби отпочнал преговори со Баерн Минхен и сега е прв фаворит на германскиот великан, па за очекување е да биде човекот кој ќе го наследи Томас Тухел.

По четири одбивања во период од два месеци, Баерн по се изгледа е на добар пат да го осигура Де Ѕерби, особено поради фактот што „баварците“ се во далеку понапредни преговори во однос на Милан кој исто така е во потрага на нов тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни