Поврзете се со нас

Италија

Јувентус му нуди да биде наследник на Алегри: Конечната одлука ќе биде донесена во наредните денови

Објавено

на

foto:x.com/BolognaFC1909en

Јувентус ја заврши приказната со Масимилијано Алегри кого одлучи да го отпушти иако ги оствари најважните цели, Топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите и пехар во Купот на Италија.

„Старата дама“ го наведе однесувањето на Алегри за време и по дуелот со Аталанта како клучен фактор за отказот на стратегот што е тешко да се поверува со оглед на тоа што веќе некое време се говореше за негова смена.

Калчолигашот веќе е во потрага по соодветна замена и според секогаш добро информираниот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо желбата е Тиаго Мота да седне на тоа столче, односно наводно веќе има тригодишен договор на маса.

Мота направи „чудо“ со Болоња и ја одведе во ЛШ, но договорот му завршува и дефинитивно се е отворено.

-Ќе се сретнам со претседателот на Болоња во следните неколку дена за да ја донесам мојата конечна одлука. Време е да се одлучи сега, но мораме да разговараме внатрешно и да ги почитуваме сите вклучени страни, -порача Бразилецот со италијански пасош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни