Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти полека ја разрешува најголемата дилема за финалето: За мене не постои дебата

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ја освои 36-та титула во Ла Лига и сега полека се подготвува за најважниот натпревар во сезоната, големото финале во Лигата на шампионите кое се игра на 1-ви јуни.

Пред да дојде време за тој меч, Реал ќе има две подготовки во вид на завршните две рунди во Ла Лига, а утре тимот на Карло Анчелоти ќе му гостува на Вилјареал.

Италијанскиот стручњак најави дека ќе ги искористи завршните натпревари во домашното првенство за да ги подготви сите играчи за големото финале, за кое пак јавноста има само една голема дилема, односно прашува кој ќе се најде меѓу стативите на „Вембли“.

Андреј Лунин имаше извонредна сезона и фантастично го замени Тибо Куртоа, но Белгиецот се врати пред две недели и неговиот план е да биде прв избор кај Анчелотина финалето во Лондон.

– Јас немам дилеми и сомнежи за голот. Знам што треба да направиме до 1-ви јуни, треба сите да се подготвиме на најдобар можен начин. Кога ќе дојде време, ќе ја донесеме најправилната одлука.

– За мене не постои дебата околу голманската позиција. Лунин имаше фантастична сезона, а Куртоа се враќа на она што беше пред да се повреди, односно најдобар во светот, – изјави Анчелоти, зборови кои многумина ги протолкуваа како јасна најава дека предност во стартната постава сепак ќе добие Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни