Поврзете се со нас

Шпанија

Чави проговори за иднината: Добивам информации…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Во изминативе денови се погласни се вестите дека Чави Ернандес ќе ја напушту клупата на Барселона, вест која е изненадувачка ако се се предвид дека пред неколку недели стратегот заедно со управата потврдија дека останува на „Камп Ноу“ до крајот на договорот во 2025 година.

Меѓутоа медиумите пренесоа дека преседателот Жоан Лапорта е лут на Чави за некои негови изјави во кои говори за состојбата во клубот, па со неговите соработници одлучи да го резреши стратегот од сегашната функција.

Лапорта досега се нема јавно огласено, но затоа тоа денеска го направи Ернандес кој посочи како стојат работите.

-Клубот ме смирува и ми дава надеж и продолжуваме со истата амбиција. Ја разбирам целата врева, но тоа не менува ништо. Не ме интересираат шпекулациите. Добивам информации, но ме интересира да ја имам довербата на претседателот и Деко која се уште е недопрена. Ништо не е сменето. Разбирам дека медиумите мора да објават нешто, но за мене ништо не е сменето.

-Одговарам на работи што излегуваат во медиумите. Претседателот не ми го кажа тоа. Тој ми кажа дека е многу важно да се победи за да се обезбеди второто место.

-Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Тоа не менува ништо. Сакам да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа година не беше добра за нас, но убеден сум дека работите можат добро да функционираат, -порача Ернандес кој се надева дека со триумф над Рајот Валјекано ќе биде обезбедено второто место и со тоа учествово во Супер Купот на Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни