Поврзете се со нас

Свет

Кејн одговараше брзи прашања, за најстрашен играч го избра Хари Мегваер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Хари Кејн зад себе има одлична голгетерска сезона во дресот на Баерн Минхен, но истата повторно ќе ја заврши без толку посакуваниот трофеј во некое од натпреварувањата во кои играше германскиот великан.

Англискиот репрезентативец веќе може да се фокусира на настапите на Европското првенство, а за порталот „Goal“ реализирал мини интервју со блиц прашања и одговори.

Асоцијација за голгетер за Кејн е поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Дефо, најпотценет играч е Џордан Хендерсон, најбрз е Кајл Вокер, додека за најстрашен избра уште еден сегашен колега од националниот тим, односно Хари Мегваер.

Напаѓачот смета дека најголем потенцијал меѓу младите фудбалери има Џамал Мусиала, а го избра Кристијано Роналдо како игра за големи натпревари.

@goalglobal Word association with Harry Kane… of course Cristiano Ronaldo got a mention 🐐 @statsports #football #soccer #bayern #england ♬ original sound – GOAL

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни