Поврзете се со нас

Англија

Анри пред последното коло во сезоната: Фанот во мене ми вели едно нешто

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Тјери Анри како голем фан на Арсенал ќе се надева на кикс на Манчестер Сити во последното коло, па иако самиот е свесен дека тоа доста тешко ќе се случи, сепак потенцира дека фудбалот секогаш носи големи изненадувања.

Легендарниот напаѓач на Арсенал беше еден од членовите на златната генерација кои го подигнаа трофејот пред точно 20 години, а токму поради тоа многумина сметаа дека оваа сезона ќе биде идеална за прекинување на долгиот пост.

Арсенал скапо го плати поразот од Астон Вила и во последното коло влегува со негатива во однос на Манчестер Сити, па ќе мора да чека услуга од Вест Хем, а истовремено да го победи Евертон.

– Се е во раце на Сити и сите знаеме како завршија сите сезони кога се решаваше на крај. Моментот со Агуеро, натпреварот со Астон Вила, последниот натпревар со Тотенхем…… Не сум видел до сега како колабираат на последниот меч и затоа сум загрижен. Сепак, фанот во мене ви вели едно нешто, а тоа е следното: Никогаш не знаете што ќе се случи во фудбалот“!

– Манчестер Сити е специјален тим, но се надевам дека утре нема да ја освои титулата. Ако на крајот победиме и ја освоиме титулата, не доаѓајте да ме интервјуирате, самиот ќе зборувам многу, – изјави Анри во интервјуто за „Би-Би-Си“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни