Поврзете се со нас

Свет

Ван Перси го доби првиот тренерски ангажман

Објавено

на

Foto:twitter.com/RangersFC

Робин ван Перси е уште еден поранешен фудбалер кој реши да се испроба во тренерската професија, а Холанѓанецот веќе се реши да прифати прв поголем предизвик.

Некогашниот напаѓач на Арсенал и Манчестер Јунајтед е назначен за нов тренер на Херенвен, што значи дека ќе ја започне самостојаната тренерска кариера во својата земја.

40-годишниот Ван Перси потпишал двегодишен договор со Херенвен, а доаѓа од редовите на Феенорд, клубот каде ја започна и заврши кариерата и каде работеше со У-18 тимот.

Херенвен во актуелнава сезона има уште еден натпревар и во моментов се наоѓа на 10. место на табелата во холандското првенство.

Ван Перси е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација, а во Англија единствената премиерлигашка титула ја освои со Манчестер Јунајтед во 2013 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни