Поврзете се со нас

Италија

Родригез со страшен проектил го матираше својот поранешен клуб (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/TorinoFC_1906

Рикардо Родригез ја игра четвртата сезона за Торино, а дури вечерва го постигна првиот гол и успеа да се запише во листата на стрелците на еден официјален натпревар.

Швајцарскиот лев беке постигна страшен гол и ја потврди победата на Торино, а интересно првиот гол го постигна против својот поранешен клуб Милан.

„Росонерите“ западнаа во лоша резултатска криза на крајот од сезоната и без многу мотив ја завршуваат истата, па така вечерва загубија со убедливи 3:1 и му оставија шанса на Торино да сонува за излез во Европа.

Запата и Илиќ постигнаа по еден гол во првото полувреме и најавија дека домаќините се желни да освојат три бода, а на стартот на вториот дел, Родригез испрати неодбранлив проектил во мрежата на Спотиело.

Во продолжение, Милан успеа да се избори за почесен гол, а истиот беше дело на Бенасер од белата точка.

Голот на Родригез погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни