Поврзете се со нас

Германија

Ројс се одјави од „Вестфален“ со фудбалска магија од слободен удар (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BVB

Марко Ројс се подготвува за својот проштален меч во дресот на Борусија Дортмунд и истиот ќе биде во големото финале во Лигата на шампионите, но пред да дојде до тоа, легендата на „милионерите“ се прости од своите навивачи на „Вестфален“.

Капитенот денеска го одигра последниот натпревар на домашен терен и доживеа многу емоции на брендираната „Сигнал Идуна парк“, а мора да се напомене дека се одјави во голем стил.

Ројс режираше магија од слободен удар за предност од 2:0 и постигна гол кој сигурно ќе го памети до крајот на животот, бидејќи претходно запиша и асистенција при пгодокот за 1:0.

Борусија го победи Дармштад со 4:0 и на најпосакуван можен начин ја заврши сезоната во Бундеслигата, но тема број еден од натпреварот е капитенот кој покрај мајсторскиот гол, доби и незаборавни овации и шпалир од своите соиграчи.

Во моментите кога беше повлечен од игра, соиграчите се наредија и му приредија шпалир на својот лидер, кој после 12 години реши да го напушти клубот кој најмногу го сака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни