Поврзете се со нас

Шпанија

Мијатовиќ: Модриќ е најдобриот играч за врска на сите времиња

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ иако се ближи до 40. година од својот живот се уште игра значајна улога во Реал Мадрид, но и во хрватската репрезентација.

„Десетката“ на „кралевите“ едноставно си ја знае работата на теренот, делува како вистински лидер, пренесува позитивна енергија, знаење и дава придонес кон остварување на добри резултати.

Тој повеќе од една деценија е на „Сантијаго Бернабеу“ и веќе има статус на легенда, статус кој дефинитивно го има и Предраг Мијатовиќ кој има само пофални зборови за Хрватот.

-Бидејќи сум многу вклучен во се што е поврзано со Реал, добро знам дека Модриќ моментално е играчот на Реал кој е најсакан.. И тоа не само од навивачите на Реал, туку и од навивачите на другите клубови. Излегува во Билбао или Мајорка, домашните навивачи му аплаудираат. Навивачите на Реал го сакаат еуфорично, медиумите го обожаваат … Комплетна фудбалска личност, а кога ќе ме прашате мене, не знам дали е подобар фудбалер, подобар човек, подобар пријател, подобар татко, подобар сопруг… Едноставно, неверојатен лик. Толку комплицирана задача им даде на сите помлади генерации од овие простори, мислам дека никој никогаш нема да ја реши. Можеби некој малку ќе му се доближи, но тоа ќе биде многу тешко.

-Кај него се работи за целосна посветеност. Практично сме соседи, пријатели, се гледаме, се дружиме, а ниту еден фудбалер што го знам не е толку посветен на фудбалот. Тој на пример, ги познава играчите во англискиот, германскиот или францускиот шампионат подобро од кој било скаут. Навистина неверојатно, човекот е компјутер. Тој следи апсолутно сè. Гледа МЛС, Саудиска Арабија, апсолутно се. Тој нема викенди кога не игра да гледа филм. Не, само фудбал и фудбал. Потоа неговиот професионализам. Спиење, јадење, тренинзи, се максимално средено. Луѓето се прашуваат дали е можно да се издржи толку долго. Да, тоа е можно, но само ако сте Лука Модриќ. Тоа е феноменално, -вели Пеџа за „Спортске Новости“ притоа порачувајќи дека тој е најдобриот играч за врска во историјата на шпанскиот великан.

-Со оглед на бројот на години поминати во Реал, освоените титули и неговиот имиџ, начинот на кој луѓето го доживуваат, Модриќ е апсолутно најдобриот играч за врска во историјата на клубот. Тоа не е само мое мислење, туку мислење на многумина. Секако, рековме, фудбалот е прашање на вкус, но кога ќе се погледнат параметрите на фудбалската игра, тогаш мислам дека нема дилема. Модриќ е најголем и не само во Реал. Бидејќи тој е најголемиот играч за врска на Реал, а Реал е најголемиот клуб во светот, тогаш Модриќ е и најдобар во светот на сите времиња, -заклучи Мијатовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни