Поврзете се со нас

Англија

Џерард: Клоп е легенда, заслужува статуа во Ливерпул

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул во недела го пречекува Вулверхемптон, меч во кој централна фигура дефинитивно ќе биде стратегот Јирген Клоп за кого ова ќе последен танц на клупата на англискиот великан.

Се очекуваат многу емоции за време и по натпреварот затоа што Германецот едноставно посебен однос со клубот, навивачите, градот и сигурно не е лесно да се каже збогум по скоро една деценија во која Ливерпул беше максимално конкурентен и освојуваше трофеи како на домашната така и на меѓународната сцена.

Стивен Џерард како еден од асовите кој дефинитивно е заштитен знак за Ливерпул, верува дека стратегот заслужува да добие статуа како признание за се што направи низ годините.

-Сега таа ера е при крај и искрено се надевам дека управата веќе почна да гради статуа за Јирген. Тој е навистина таква клупска легенда и заслужува такво нешто, ако зборуваме за најдобрите тренери во историјата, Клоп е таму, рамо до рамо со најдобрите, -порачува Џерард кој жали што не одиграл ниту еден официјален натпревар под водство на Клоп.

-Можам да кажам дека сите бевме возбудени од првиот ден кога Клоп дојде во клубот, од првата прес-конференција. Имав можност да патувам со Џејми Карагер со првиот тим на турнејата во Австралија, каде одигравме егзибициски натпревар и имав можност да ја почувствувам таа неверојатна енергија. Се сеќавам дека седев во Мелбурн и размислував, ќе платам што сакаат само за да играм за Клоп една година иако знаев дека тоа не е можно, -вели Стиви Џи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни