Поврзете се со нас

НБА

Ѕвездата на Индијана за „мајсторката“: „Медисон Сквер Гарден“ е лудо место, тоа ќе биде…

Објавено

на

foto:twitter.com/MovistarNBA

Индијана Пејсер ја доби битката со Њујорк Никс и со тоа се избори за седми решавачки меч во оваа пресметка, дуел кој ќе го даде патникот во финалето на Истокот каде веќе чека Бостон Селтикс.

Избраниците на Рик Карлајл славеа со 116:103 за 3-3, но сега следи „мајсторката“ која ќе се игра во „Медисон Сквер Гарден“. место каде Пејсерс забележа три порази во оваа серија.

Индијана го одбрани домашниот терен, „мајсторка“ ќе го одлучи патникот во финалето на Истокот (ВИДЕО)

-Серијата се сведе на еден натпревар. Каде е подобро да се игра седмиот натпревар отколку во Гарден? Гостите не победија ниту еднаш во оваа серија, мора да се подготвиме.

-Мајсторките се секогаш тешки за гледање. Очекувам грд натпревар, очекувам да победи тој што ќе игра поцврсто. Ја очекувам најневеројатната атмосфера во која сум играл. „Медисон Сквер Гарден“ е лудо место, со „бесни“ фанови“, истакна Тајрис Халибартон.

Решевачката средба се игра утре од 21:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни