Шпанија
Пике за новата ситуација во Барселона: Дајте му време на Лапорта…
Барселона ќе ја заврши оваа сезона без ниту еден освоен трофеј, но во овој момент изгледа дека тоа е најмал проблем затоа што настана „конфликт“ меѓу првиот човек на клубот Барселона и тренерот Чави Ернандес и според информациите стратегот е на излезна врата од шпанскиот великан.
Само до пред некое време Лапорта и неговите соработници го убедуваа Чави да остане во клубот, да ја смени одлуката за заминување на крајот на кампања, нешто што навистина се случи, поточно легендата потврди дека ќе го исполни договорот кој е со важност до 2025 година.
Сега Лапорта и неговиот тим од управата се свртеа за 360 степени и по една искрена изјава на стратегот за ситуацијата во клубот тие сакаат да се ослободат од него.
Како ќе заврши оваа ситуација набрзо ќе дознаеме, а во меѓувреме Жерард Пике побара трпение од членовите, навивачите на Барселона кога е во прашање Лапорта кој не блеска во својот втор мандат како што се очекуваше и самиот најавуваше.
-Лапорта многумина го сметаат за најдобриот претседател во историјата на клубот. Резултатите не се сè. Членовите имаат среќа што можат да гласаат за претседател. Би му дал време додека не му заврши мандатот. Мора да бидеме одговорни за она за што гласаме, -вели Пике кој смета дека играчите би се прилагодиле ако Чави добие отказ.
-Играчите знаат дека се во клуб во кој работите можат да се променат, а доколку се смени тренерот, ќе се прилагодат и ќе имаат надеж дека ќе сакаат да му се допаднат на новиот тренер, -смета поранешниот шпански репрезентативец.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план