Поврзете се со нас

Англија

Клоп испрати видео порака по последниот работен ден во својата канцеларија: Ова е чудно

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Јирген Клоп утре ќе го има прошталниот меч како менаџер на Ливерпул и атмосферата е веќе наелектризирана за емотивното збогум, кое сигурно ќе донесе и многу солзи на преполниот „Енфилд Роуд“.

Клоп засега добро се носи со ситуацијата и откри дека не пуштил ниту една солза на последниот тренинг кој го одработил денеска, но смета дека најверојатно утре ќе биде погоден од се она што го собирал во себе.

Јирген посвети мал говор откако го одработи последниот тренинг како менаџер на Ливерпул, а воедно стави крај и на последниот работен ден во својата канцеларија во тренинг комплексот на клубот.

– Тука сум, последен ден во мојата работна канцеларија. Тренингот е завршен, ќе кажам дека беше навистина чудно. Голем дел од тренерите беа прилично емотивни, а јас се уште не.

– Си реков на себеси: утре е натпреварот, а потоа следи одмор. Најверојтно ќе одлучувам што правам, се додека не бидам преплавен со емоции утре! Денеска го напуштам ова место, кое беше навистина интересно искуство за мене, – порача Клоп.

Ливерпул во последното коло од тековната сезона игра на домашен терен против Вулверхемптон, а навивачите на клубот ќе имаат последна шанса да го поздрават менаџерот кој ги освои сите трофеи во изминатите девет години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни