Поврзете се со нас

Германија

Попладне за заборав: Нојер мислеше дека топката оди во гол-аут, Хофенхајм направи пресврт (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Баерн Минхен испушти предност од 0:2 во последното коло во германската Бундеслигата, па поразот од 4:2 значи дека баварците останаа без второто место на табелата.

Германскиот великан заврши на третото место и на тој начин финишираше една лоша сезона за стандардите кои беа поставени во последните 12 години, па јасно е дека летово ќе има големи промени на „Алијанц арена“.

Прво и основно, Баерн ќе треба да си пронајде нов тренер, а потоа да ја пронајде потребната тимска хемија која недостасуваше на голем број натпревари оваа сезона.

Во самиот финиш, една од најслабите алки во тимот се претвори и искусниот Мануел Нојер, кој по кошмарниот кикс во Мадрид, очигледно се уште не е подготвен да брани на препознатливо ниво.

Нојер денеска направи две грешки со кои подари голови на Хофенхајм, а имаше чудна реакција и при голот за 3:2 на Крамариќ.

Ветеранот мислеше дека шутот на Хрватот ќе заврши во гол-аут, но на крајот ја вадеше топката од својата мрежа. Крамариќ постигна хет-трик на овој меч и беше најзаслужен за победата од 4:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни