Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Модриќ со најнова вест за иднината на Лука ги потврди шпекулациите од Шпанија

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Владо Лемиќ како агент на Лука Модриќ порача дека нема остварено никаков контакт со Реал Мадрид за продолжување на сорбаотката пред само една недела, но очигледно работите драстично се промениле во последните седум дена.

Освоената титула во домашното првенство очигледно имаше позитивно влијание врз размислувањето на Флорентино Перез, кој сега е подготвен да им понуди нови договори на сите ветерани во клубот, вклучувајќи ги Модриќ, Крос, Начо и Васкез.

Говорејќи само за својот фудаблер, агентот Лемиќ сега јасно стави до знаење дека ставовите на двете страни значително се приближиме во текот на оваа недела, па сега само прашање на време е кога хрватскиот маестро ќе го продолжи престојот на „Бернабеу“.

– После последните случувања, најверојатно е дека Модриќ ќе остане уште една година во Реал и ќе продолжи да ја пишува својата историја во клубот, – гласи изјавата на Лемиќ.

Лука со освоената титула во Ла Лига се израмни како најтрофеен играч во историјата на Реал, а доколку тимот победи во Лигата на шампионите, Хрватот ќе избие на врвот во друштво на Начо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни