Поврзете се со нас

Германија

Ројс на величествен начин го диригираше „жолтиот ѕид“, па направи гест кој вечно ќе остане во сеќавање (Видео)

Објавено

на

Марко Ројс го одигра последниот натпревар на домашен терен како играч на Борусија Дортмунд и очекувано имаше многу емоции на трибините, но мора да се признае дека капитенот извонредно се носеше и успеваше да ги задржи солзите.

Ројс постигна магичен гол од слободен удар за крај и на феноменален начин се одјави од „Сигнал Идуна парк“, меѓутоа тоа беше само еден од низата убави моменти во Дортмунд денеска.

Соиграчите го испратија со шпалира кога беше повлечен од игра, по крајот на мечот доби величествено испраќање од „жолтиот ѕид“, а воедно доби шанса и да ги диригира навивачите и да им испрати завршна порака како капитен.

За неговото испраќање да биде уште поспецијално, самиот Ројс решил да ги чести пиво сите фанови на Борусија кои денеска биле на стадионот, па така во барот под трибината воочлива била следната порака

– Ви благодарам за се! Пивото за збогум е на моја сметка. Ваш Марко, – им порачал Ројс на фановите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни