Поврзете се со нас

НБА

Индијана го одбрани домашниот терен, „мајсторка“ ќе го одлучи патникот во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Индијана Пејсерс и Њујорк Никс ќе играат мајсторка за пласман во финалето на Истокот каде веќе ги чека тимот на Бостон Селтикс кој брзо ја реши серијата со Кливленд Кавалирс (4-1).

Составот од Индијанаполис го одбрани домашниот терен и славеше со 116:103 во шестата средба во оваа пресметка или поточно израмни на 3-3.

Домаќините го издржаа притисокот, па откако ја загубија првата четвртина со 30:29, тргнаа во „напад“, ги преземаа работите во свои раце и на пауза заминаа со плус 10 (61-51). Таа позитива беше зголемена и во третиот период за да во завршниот одиграа колку што е доволно за да се заокружи шестата „епизода“ од оваа битка на ривалите кои дефинитивно имаат своја историја во НБА лигата.

Шест играчи кај победникот беа двоцифрени со тоа што лидер беше Сиакам со 25 поени кој забележа уште 7 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки.

Стандардно кај Никсе се издвои Брансон со 31 поен на кои придодаде 5 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни