Поврзете се со нас

Германија

Ништо од првата опција: Де Ѕерби сепак нема да го реализира најавениот трансфер во Баерн!

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialBHAFC

Брајтон ова попладне соопшти дека Роберто Де Ѕерби станува слободен агент и дека ќе си оди од клубот по последниот натпревар во тековната натпреварувачка сезона, со што Италијанецот ќе стави крај на својата убава авантура која траеше во изминатите две сезони.

Веста од Англија брзо се прошири во светската јавност и Италијанците почнаа на големо да пишуваат за тренерски трансфер на кариерата, но најавите од „чизмата“ брзо беа згаснати од најугледните германски новинари.

Иако Де Ѕерби е на списокот на Баерн Минхен повеќе од два месеци, конечната одлука е дека клубот целосно се повлекол од ангажман на Италијанецот, па неговото заминување од Брајтон нема никаква врска со баварскиот фудаблски великан.

Угледниот новинар Флоријан Плетенберг тврди дека Баерн сите страни целосно ја отфрлиле опцијата за премин на Де Ѕерби во Баерн, што значи дека иднината на Роберто најверојатно ќе биде тесно поврзана со негово враќање во Серија А.

Ова значи дека Баерн ја продолжува сагата со потрага на наследник на Тухел, кој пак вчера самостојно изјави дека и дефинитивно одлучил да не остане на „Алијанц арена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни