Поврзете се со нас

Англија

Силва со брутална порака до соиграчите од Челси: Имаме среќа што не фрлаа камења по нас, ако го намалиме егото……

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси полека се подготвува за последното коло во англиската Премиер лигата, а тоа воедно ќе биде последен натпревар за Тиаго Силва како член на лондонскиот клуб.

Искусниот Бразилец го најави своето заминување и веќе се договори со Флуминенсе, па во период кога ги брои последните денови во клубот, си даде за право да испрати брутална порака до актуелните соиграчи.

Во Челси има смена на генерации и многу млади фудбалери се уште не сфаќаат што значи да се носи синиот дрес, а според Силва, токму тоа бил најголемиот проблем оваа сезона.

– Тиаго знае што значи да се носи дресот на Челси. Имам една порака до моите соигрчи и се надевам дека ќе ја сфатат на најдобар начин. Сезоната која ја имавме не е достојна за клуб како Челси. Момците мора да бидат многу подобри следната сезона. Ако ги погледнеме натпреварите, навивачите никогаш не не оставија на цедило. Бевме деветти, осми, а фановите секогаш беа тука.

– Точно е дека не свиреа на крајот од натпреварите понекогаш, но фановите секогаш беа тука, секогаш беа по 40 или 45 илјади. Ако бевме на друго место, ако бевме во Бразил, ќе не гаѓаа со камења. Овие млади момци мора да знаат дека Челси треба да се бори за највисоките позиции. Ако се намали егото и ако се мисли повеќе на тимот, мислам дека ќе биде добро. Ако не се промени тоа, ситуацијата за жал ќе остане иста, – потенцира Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни