Поврзете се со нас

Германија

Баер Леверкузен победи за крај, Чаби направи нешто што не се памети во германскиот фудбал! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо и неговите играчи од Баер Леверкузен испишаа фудбалска историја ова попладне, откако „фармацевтите“ останаа непоразени и на последниот меч во Бундеслигата.

Леверкузен стана првиот тим во германската историја кој завршил една сезона без ниту еден пораз, комплетирајќи ја истата со биланс од 28 победи и 6 реми средби.

Новиот германски шампион го победи Аугзбург со 2:1 и ја продолжи својата неверојатна серија, па така тимот на Чаби не знае за пораз на точно 51 натпревар во сите натпреварувања.

Кога е во прашање само Бундеслигата, Леверкузен е првиот тим кој успеал да направи еден неверојатен и невиден потфат досега, нешто што не му успеа ниту на Пеп Гвардиола во најдоминантните сезони на Баерн во германската елита.

Леверкузен ја завршува сезоната со 90 освоени од можно 102 бода, постигна нестварни 89 погодоци, а прими само 24.

Претходно во историјата, ваков успех имаат остварено само неколку тима во Европа, бидејќи непоразени цела сезона останаа Милан во 1991/92, Ајакс во 94/95, Арсенал во 2003/04 и Јувентус во 2011/12.

Кога е во прашање денешниот меч, Бонифаце и Андрих постигнаа два рани гола за предност од 2:0, а Аугзбург постигна почесен преку Комур во 62-та.

Леверкузен ќе одигра уште две финалиња до крајот, па има шанса да ја заврши и цела сезона без претрпен пораз.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни