Поврзете се со нас

Свет

Шортс „газеше“, Париз постави историски рекорд

Објавено

на

foto:twitter.com/ParisBasketball

Париз на македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс со победа го заокружи основниот дел од шампионатот во првата лига на Франција.

Клубот од француската престолнина славеше на гостувањето кај Ле Портел со 80:66 и со ова на идеален начин ја заврши оваа фаза. Во прв план беше Шортс кој одново беше незадржлив, вистински лидер со 25 поени на кои додаде 2 скока и 5 асистенции.

Наредните двајца на листата Хифи и Ерера уфрлија по 11 кошеви што доволно говори каква беше улогата на плејмејкерот на средбата.

Ова воедно беше 25. триумф во низа за Париз со што беше поставен нов историски рекорд кога е во прашање француски клуб.

Инаку Шортс и компанија во првата рунда на плејофот ќе се соочат со Шоле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни