Поврзете се со нас

Формула 1

Албон ја потврди соработката со Вилијамс за барем уште две сезони

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WilliamsRacing

Алекс Албон потпишал нов договор со Формула 1 тимот Вилијамс, а британските медиуми тврдат дека тој ќе важи до 2026 година.

Албон имаше договор за уште една сезона, но сега му е гарантиран подолг престој како дел од актуелниот проект во кој главна улога има тимскиот шеф Џејмс Ваулс.

28-годишниот Албон е дел од Вилијамс од 2022 година и фактот што тимот не објави конкретна година до кога е продолжена соработката, може да биде најава за негово останување и по 2026-та, кога ќе започне период во кој ќе се аплицираат новите регулативи.

Вилијамс минатата сезона ја заврши на седмото место меѓу конструкторите, а оваа немаше најпосакуван старт и во моментов е на деветтото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни