Поврзете се со нас

Екстремни спортови

Шампионката Ифланд изведе скок во солено езеро на 120 метри под земјината површина

Објавено

на

Актуелната шампионка и рекордер во светската серија на скокови од карпи, Ријана Ифланд од Австралија, заедно со романската ѕвезда во подем Константин Поповичи, нуркаа на длабочина од 120 метри под земјиното тло во Салина Турда, еден од најстарите рудници за сол во светот, кој се наоѓа во Романија.

Во настан каков што досега не се случил, фаворитката во женска конкуренција заедно со нејзиниот партнер во скокови од карпи и локален херој, Константин Поповичи, ги поместија гранците на скоковите од големи височини на едно ново ниво, изведувајќи свој перформанс од ѕидовите на конусниот отвор на рудникот во подземното езеро со висок салинитет во длабочините на Трансилванија.

 

На сто и дваесет метри под површината на Земјата, заобиколени со чудесен научно-фантастичен пејзаж, создаден од солта и човекот, телата на спортистите продреа во солената вода со 85 км/ч, но забавија до нула за скоро двојно помалку време заради големата густина на водата. По ова невообичаено искоство двајцата нуркачи едвај чекаат да се вратат на натпреварувањето на светската серија Red Bull Sliff Diving во 2021 година.

Иако ископувањето од ова огромно подземно ѕвоно престанало во 1880 година, а рудникот за сол бил претворен во спектакуларна туристичка дестинација во последниве години, скокањето од карпи беше додадено како атракција дури во 2020 година.

„Денеска можеме да се пофалиме дека сме направиле нешто што се случува „првпат во светот“, бидејќи ова е прво подземно нурнување кое беше изведено во рудник за сол. Долу, во езерото, е многу мрачно. Водата е 17% погуста од морската, па допирот со неа е поинаков. Всушност, тоа е многу уникатно искуство, кога ќе се судрите со вода која е толку солена. Таа веднаш ве турка назад кон површината,“ објаснува 29-годишната Австралијанка.

„Најпредизвикувачко за мене беше ментално да се вратам во колосек, по оваа посебна година. Навистина ми беше тешко да се вратам во формата во која бев минатата година, кога успевав да ги блокирам сите стравови и да се качам на стартното место и веднаш да нурнам.“

Температурата на водата и воздухот од 12 степени целзиусови беа речиси тривијална работа, зашто при нуркањето во вода со толку висок салинитет има поголема сила на отпор и многу побрзо забавување на телото во фазата на приземјување. Салинитет е дури осум пати поголем од тој на водата во Јадранското море – 260 г/л наспроти 33 г/л, па тонењето на телата запре комплетно само 2,5 метри под површината на водата, во споредба со редовните 5 метри кога скокаат од 27 метри височина. Овој дополнителен елемент врз физичката подготвеност на нуркачите беше придружен и со предизвикот на нуркање без никаква природна светлина.

„Да бидете во пештера значи да бидете во тотален мрак, имаме светла, но сепак тоа не се совршените природни околности за изведување на вакви скокови, па целата таа ситуација е голем предизвик. Додека стоите на платформа можно е малку да го допрете ѕидот со главата или рацете, па предизвик е да се оттурнете и да нурнете на вистинското место, за да избегнете плитката вода – ова е најисклучителен и ментално најнапорен проект кој сум го направил во животот“, рече Поповичи, кој родум е од Букурешт.

„Навистина сум горд што сум првиот Романец кој скока од карпи во Романија. Никогаш не сме имале таква можност и многу сум возбуден што нуркаме на ова познато место во областа Трансилванија. И порано сум бил во рудникот, а ваква шанса се добива еднаш во животот.“

Првите документирани податоци на оваа исклучителна визуелна локација на рудникот за сол Турда во центарот на една од најстарите населби во Романија потекнуваат од 1271 година, па овој рудник бил главен извор на снабдувањето со сол додека не се престанало со копање во 1932 година. Денес, со својот историски музеј и подземен тематски парк, рудникот привлекува седумстотини илјади посетители годишно.

За љубителите на светската серија Red Bull Cliff Diving, како и за нејзините протагонисти од типот на Ифланд и Поповичи, враќањето на ова натпреварување во 2021 година е нешто што со нетрпение се очекува. Со оглед на сегашните здравствени и безбедносни аспекти, се очекува календарот да биде објавен на почетокот од идната година.

Се очекува 24 спортисти – 12 во женска и 12 во машка конкуренција – кои се најдобри изведувачи на скокови во вода на светот повторно да отскокнат, да се извртат и да направат салто од височини кои го одземаат здивот. Притоа, тие немаат никаква заштита освен својата концентрација, вештини и физичка контрола. „Трофејот на кралот Кахекили“ е гарантиран за учесниците во дванаесеттата сезона на светската серија Red Bull Cliff Diving, а во возбудливата потера по него ќе видиме скокови од визочина од 27 метри, при што телата пред ударот во водата постигнуваат брзина од 85 километри на час при ваквиот естетски слободен пад.

МЕДИУМСКИ ЦЕНТАР

Ве молиме посетете ја страната www.redbullcliffdivingnewsroom.com која е централен извор на содржини и ќе биде константно дополнувана во седмицата кога има настани. Содржините се бесплатни за употреба на сите медиуми вклучувајќи телевизија, филм, печат, мобилни уреди и други дигитални платформи.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Ве покануваме да ја следите Светската серија на Facebook (facebook.com/redbullcliffdiving), Instagram Instagram (@redbullcliffdiving) и Youtube (@cliffdiving).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни