Поврзете се со нас

Германија

Фановите на Баерн собираат потписи за негово останување, Тухел вели дека е фокусиран само на една работа

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен денеска ќе се соочи со Ајнтрахт во натпревар од Бундеслигата, а тренерот Томас Тухел очекува добар настап и покрај фактот што екипата е фокусирана на претстојното соочување со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, добриот настап во двомечот со Арсенал почна да ги премислува фановите на Баерн околу статусот на Тухел и дел од нив започнаа петиција за останување на актуелниот тренер и наредната сезона.

Тухел и Баерн веќе објавија дека ќе се разделат на крајот на сезоната, но фановите посакуваат пресврт во стилот на тој со Чави во Барселона, односно го преферираат Тухел пред главниот фаворит за негов наследник, Ралф Рангник.

Фановите за само неколку дена собрале над 14.000 потписи во петицијата и бараат од клубот да го убеди Тухел да остане и да му даде предност во однос на актуелниот австриски селектор.

– Иако делува убаво кога фановите сакаат да останеш, за мене ова не е актуелна тема.

– Наредните 11 дена сме фокусирани само на фудбал и ништо повеќе, нема да дозволам оваа ситуација да влијае на мене, – рекол Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни