Поврзете се со нас

Франција

Десаи има „идеална“ дестинација за Мбапе: Мора да биде бизнисмен, Реал не е…

Објавено

на

foto:twitter.com/brfootball

Килијан Мбапе ќе си замине од Пари Сен Жермен по крајот на актуелнава сезона со тоа што неговиот најголем сон ќе остане нереализиран, а тоа е пехар со „светците“ во Лигата на шампионите.

Вчерашниот пораз и воедно елиминација од Борусија Дортмунд значење крај на сите тие надежи, односно ќе мора да почека некое друго време ако во иднина некогаш се врати во ПСЖ.

По овие настани се очекува набрзо да се разрешат сите дилеми околу иднината и дали тој навистина веќе се има договорено со Реал Мадрид, но додека се чека потврда имаме и ќе имаме различни ставови, па така легендарниот Марсел Десаи смета дека сонародникот мора да биде бизнисмен и го советува да оди во Саудиска Арабија.

-Препорачувам друг континент. Не сум сигурен дека Мадрид е совршено место за него. Како што рековме, лево е Винисиус Жуниор, има талентирани играчи како Белингем. Тој нема да биде неприкосновен лидер таму, а тоа го сака. Не сака да каже каде ќе потпише, сака да има најава за ѕвезда, мора да има нешто зад тоа.

-Технички, ако го погледнеме фудбалскиот бизнис, би отишол на 350 милиони евра годишно од Саудиска Арабија. Врати се следната сезона, онаа на Светското првенство во 2026 година, една година подоцна. Ќе имаш само 26 и пол години и ќе играш фудбал. Што сака Мбапе? Да игра фудбал.

-Ова е она што го чувствувам како бизнисмен. Чувствувам дека може да го напушти европскиот фудбал на една година за да замине во Саудиска Арабија. Саудиското првенство е конкурентно. Стадионите се преполни, а каналите ги пренесуваат натпреварите. Саудиска Арабија сака да го промовира својот фудбал како Катар во 2005 година. Јас бев една од ѕвездите таму. Тоа е бизнис за двете страни и мислам дека ќе биде одлична можност за него да работи додека продолжува да игра фудбал, -порача Марсел за „Фут Меркато“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни